Денес во Гевгелија ќе започне изградбата на новата Времена депонија за комунален отпад. По тој повод, во општина Гевгелија беше одржана презентација на проектот, на која присуствуваа постојаната претставничка на УНДП во нашата земја, амбасадорката Луиза Винтон и амбасадорката на Јапонија во нашата земја Кеико Ханеда. Тие заедно со градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков

ги посетија градилиштето на
депонијата кај Ново Конско, транзитниот центар ВИНОЈУГ,Пумпната станица,постоечката локација на депонијата и дадоа изјави за
медиумите.
Времената депонија за комунален отпад во Гевгелија ќе се гради
со грант од Јапонската влада, кој го обезбеди УНДП.