Наскоро треба да започне пробивањето на заобиколниот пат
околу Гевгелија, односно продолжувањето на Западниот булевар
до Динќут. Тоа ќе се случи на стартот од изградбата на Конска
брана, која по подготвителните работи, ќе започне со изградбата
на овој капитален проект. На самиот почеток турската компанија
„Serka Taahhut Insaat AS“, која ќе ја гради Конска брана, ќе изврши
пробивање и трасирање на заобиколниот пат околу Гевгелија. Ова
е договорено при последната средба на градоначалникот на
општина Гевгелија Сашо Поцков со претставниците на турската
компанија. Со реализацијата на заобиколницата значително ќе
биде растоварен градскиот сообраќај, посебно на улицата „Петар
Мусев“.