Во сите образовни институции во општина Гевгелија, за време, но
и по полугодишниот одмор, се преземаат активности за
подобрување на условите во образовните установи. Во зависност
од потребите, а неретко со заштедените средства од блок
дотациите. Така, во ООУ„Ристо Шуклев“ во Негорци поставени се
венецијанки на прозорците, додека пак во ООМУ„Васо Карајанов“
извршена е санација на просториите од влага. Во ООУ„Климент
Охридски“ во Миравци одлучија да го решат проблемот со
незаградениот училишен двор, па, така, набавен е материјал за
поставување нова ограда на училишниот двор.
За подобрување на условите за престој на децата се преземаат и
во институциите за предучилишно образование. Така, во детската
градинка “Цветови” во Гевгелија беше извршена целосна замена
на столаријата, во вредност од 900.000 денари. Потребите
наложија, а по оштетувањата на дел од покривот од силниот
ветер, да биде извршена итна санација на покривот во истата
градинка.