Во Прифатниот транзитен центар за мигранти „Винојуг“ во
моментот престојуваат 15 мигранти (3 мажи од Пакистан, 6 мажи
од Шри Ланка и 2 мажи од Авганистан) кои нелегално влегле на
територијата на РМ. Сите тие чекаат да бидат вратени назад.
Според информациите на Граничната полиција на К-59 немало
мигранти, а ситуацијата е мирна.
Инаку, Центарот за јавно здравје ПЕ-Гевгелија при редовните
увиди на ПТЦ„Винојуг“ констатирал мигрантите биле сместени во
контејнерите за престој и ноќевање. Хигиената во транзитниот
центар е на задоволително ниво и се одржува редовно и
континуирано. Сметот се собира и отстранува континуирано и
навремено, а извршена е дезинфекција на сите објекти кои се
празни и исчистени.