Снежниот бран не ја заобиколи и Гевгелија, каде што во текот на
ноќта наврнаа 14 сантиметри снег, кој и понатаму паѓа. И покрај
тоа, утринава сите училишта навреме ја започнаа наставата, а
навремено беа отворени и сите детски градинки. Сите установи и
продавници беа отворени навреме и нормално функционираат.
Доцна синоќа на сите поголеми сообраќајници во Гевгелија беше
фрлена сол, но, поради континуираното врнење на снегот,
улиците повторно беа покриени со снег.
Сепак, утринава сообраќајот во Гевгелија, иако, отежнато, се
одвиваше на сите улици. Исто така, проодни се локалните
патишта до сите населени места, освен до Петрово и Габрово,
каде што утринава се упати механизацијата за расчистување на
патот. Отежнато е и движењето на патот за Моин и Ново Конско,
како и за Кованец, каде што снежната покривка е многу поголема.
Од синоќа се мобилизирани комуналните служби и работници за
расчистување на снегот од улиците, градежната фирма која е
ангажирана за дејствување во зимски услови, а на располагање е
ставена и механизацијата на градежните фирми.
Комуналните работници во текот на денот продолжуваат со
чистењето на снегот на шеталиштето во Гевгелија и другите јавни
површини.
Се апелира до сопствениците на јавните објекти и продавници,
како и на сите станбени објекти, да го исчистат снегот од
тротоарите и своите влезови. Мобилната екипа, формирана
синоќа од страна на градоначалникот на општина Гевгелија,
продолжува со обиколка и теренот и непосредно преземање на
мерките за справување со снегот