Сите патни правци во општина Гевгелија се проодни, а во текот на
денешниот ден продолжува чистењето на улиците во Гевгелија и
во другите населени места. Тоа е рапортот на мобилната екипа
дејствување во зимски услови, формирана од страна на
градоначалникот на општина Гевгелија, по обилните снежни
врнежи кои не ја заобиколија и општина Гевгелија. Во текот на
вчерашниот ден механизацијата ги проби патните правци до
Кованец, Ново Конско и Моин. Исто така, беше обезбеден и
проширен патот за Богородица, а оспособен за сообраќај
надвозникот на новата клучка пред граничниот премин
Богородица.
Синоќа околу 22 часот беше пробиен и патот за Петрово, така што
сообраќајот повторно е нормализиран на сите локални патни
правци.
Снегот во Гевгелија престана да врне, синоќа на сите
сообраќајници повторно беше фрлена сол, а во текот на денот
механизацијата ќе биде насочена кон проширување на
коловозните ленти на главните сообраќајници, посебно, улиците и
паркинг просторите пред сите училишта и детски градинки. Исто
така, ќе се чистат и улиците во Миравци, а по потреба ќе се
интервенира и во другите населени места.