Регионалното поврзување е можност, посебно, за помалите
општини, да го поттикнат својот развој. Ова беше констатирано на
вчерашната средба на градоначалниците на Сежана, Даворин
Терчон, кој беше гостин на општина Гевгелија, на
градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков и
градоначалникот на општина Дојран Анго Ангов, одржана во
Дојран. Местоположбата, односно, близината на меѓународната
државна граница, компаративните предности за развој на
туризмот, како и заштитата на животната средина, се заедничките
карактеристики на сите три општини. Но, и предизвици за
насочување на регионалната соработка и нејзино унапредување.
Пред се, кон заедничкиот настап пред европските и други
меѓународни фондови и програми, посебно ако се имаат предвид
значајните искуства на општина Сежана. Оваа словенечка
општина е една од најразвиените во Словенија, со 14.000 жители,
но и со успешно искористени компаративни предности и
реализирани проекти. За домаќините посебно значајни беа
искуствата на Сежана во искористувањето на можностите што ги
нуди формираната фирма-инкубатор.