Во Гевгелија е започната акција за обновување на
хоризонталната сигнализација. Најпрво, се обележуваат кружните
текови, а веднаш потоа и пешачките патеки и паркинг местата. Со
акцијата се опфатени  целата хоризонтална сигнализација
во градот.
Претходно беше извршена замена на вертикалната сигнализација,
која ќе биде дополнета по пристигањето на новонабавените
сообраќајни знаци.

Деновиве, заврши најголемиот дел од
асфалтирањето на уличните дупки. По асфалтирањето ќе биде
направен повторен увид и сите непополнети дупки ќе бидат
асфалтирани наредниот период.