Во пресрет на 7 април Светскиот ден на здравјето, Здравствен дом Гевгелија беше организатор на мала детска приредба. Инаку 7 април се одбележува по основањето на Светската здравствена организација. Мото на годинашново одбележување е “ЗДРАВЈЕ НА СИТЕ – ЗДРАВЈЕ НАСЕКАДЕ”. На приредбата присуствуваа деца од градинките ” ДЕТСКА РАДОСТ” Гевгелија.”ШТРКЧЕ” Богородица, Хабилитис центар”МАЈКА ТЕРЕЗА” Гевгелија и Дневниот центар за лица со умерена и тешка попреченост.