Традиционалната манифестацијата „Ѓура Мара“ и годинава ке се
одржи третиот ден од Велигден, на 10.04.2018 година, во вторник,
во 19 часот, пред Домот на културата во Миравци. Гости на
манифестацијата се КУД “Паја Зариќ” од општина Инџија,Р.Србија
и Домот на култура “Димо Николов 1908” од град
Черноморец,Р.Бугарија, како и гости од Културно уметничките
друштва од Јабланица,Р.БиХ и Копривница,Р.Хрватска.
Културно уметнишкото друштво “Танец” од Миравци годинава,
заедно со манифестацијата „Ѓура Мара” го одбележува големиот
јубилеј – 85 години од своето постоење.
Манифестацијата “Ѓура Мара” во Миравци е автентична
фолклорна традиција, која датира уште од раното владеење на
турците на овие простори. Истата третира вистински настан кој се
има случено токму овде, во Миравци на самиот трет ден од
големиот Христијански празник Велигден. Месното население низ
песна и игра го симболизира отпорот и непокорот на населението
од насилствата и зулумите кои тогаш ги вршеле османлиите на
овие простори. По традиција орото го играат само девојки и жени,
претежно повозрасни, кои не дозволуваат маж да заигра во орото.
Орото го симболизира грабнувањето на убавата Мара, за чие
спасување нејзиниот брат го жртвува животот.