Ансамблот „Бојмија“ од Гевгелија во периодот од 19 – 24 април
2018 година, ќе учествува на Меѓународен детски фолклорен
фестивал “22th International Children Festival of Bergama ”кој ќе се
одржи во градот Бергама, Р. Турција. Фестивалот е под
покровителство на Општина Бергама и Министерството за Култура
на Р. Турција, а се одржува по повод одбележување на „Денот на
детето“ 23 април.
Фестивалoт во Бергама е настан на заедничка забава и игри,
давајќи им можност на децата да се запознаат со народната
култура и традициатa на друштвата кои доаѓаат од различни
делови на светот.