Делегацијата на Сенатот на Чешката Република, предводена од потпретседателот Јири Шестак, кој престојува во нашата земја, денес ја посети општина Гевгелија. Во делегацијата се наоѓаат 10 сенатори, а ја придружуваа и чешкиот амбасадор во нашата земја Мирослав Томан. Делегацијата оствари средба со градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков, го посети прифатниот транзитен центар за мигранти „Винојуг“ и се сретна со чешките полицајци, кои ја обезбедуваат македонско-грчката граница.