Основниот суд -Гевгелија објави оглас за избор на судии поротници. Кандидатите кои ќе са јават на огласот треба да ги исполнат условите од чл.7 од Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите и тоа:

-да е државјанин на Република Македонија

-да е полнолетен

-со завршено најмалку  средно образование

-активно да го владее македонскиот јазик

-да не е постар од 60 години

Во прилог на пријавата кандидатите се должни да ги поднесат следните документи:

-уверение за државјанство

-извод од Матична книга на родените

-потврда за завршено образование

Заинтересираните кандидати, пријавата со потребните документи треба да ги достават во рок од 5 дена од објавувањето на огласот, до Основен суд Гевгелија со назнака “Оглас за судии-поротници” (до приемното одделение на Основен суд Гевгелија)