Општина Гевгелија ангажира 12 невработени лица за
времено извршување на јавни работи. По прифатената
апликација, а согласно Програмата на Владата на РМ за
работно ангажирање на невработени лица, што ја реализира
Агенцијата за вработување, на општина Гевгелија и беше
одобрено времено ангажирање на 12 невработени лица. По
распишаниот јавен повик и завршената постапка, во соработка

со Агенцијата за вработување во Гевгелија овие лица и вчера

работеа на чистење на треви, и запуштени површини обраснати

од бујната вегетација која овој пат значително доаѓа до израз, потпомогната

и од честите дождови. Се работеше во Гевгелија и Богородица.