Младите Миравчани желни за спортски успеси и услови за спорт го посетија гевгелискиот градоначалник. Во фудбалскиот клуб “ФК Миравци -2018”  предводен од Бојана Иванова, член на У-15 од стручниот штаб на женската репрезентација на Македонија  спортуваат 50 машки деца кои се натреваруваат во детската лига на југоисточниот регион и 20 девојчиња во втората женска лига. По средбата, градоначалникот Поцков меѓу другото истакна дека  запуштеното игралиште од Агенцијата за млади и спорт во Миравци,  редовно ќе се одржува.