Општина Гевгелија со три проекти ќе аплицира за Програмата за
финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година, кои
како приоритетни беа потврдени од страна на Советот на општина
Гевгелија. Во мерката 321 општина Гевгелија ќе аплицира со
проектот за изградба на дел од локалниот пат Серменин-Негорци.
Станува збор за последните 2 км од оваа патна делница, чија
изградба финансиски беше поддржана повторно од Програмата за
финансиска поддршка на руралниот развој. Во мерката 322
општина Гевгелија ќе аплицира со проектот за ревитализација на
улицата „Методија Андонов Ченто“ во Мрзенци, поточно за
влезната улица во ова населено место. Додека пак во мерката 323
општината ќе аплицира со проектот за изградба на локален пат од
Давидово до манастирот Свети Илија.
Општина Гевгелија и општина Богданци заеднички ќе аплицираат
преку Југоисточниот плански регион за Програмата за финансиска
поддршка на руралниот развој. На последната седница, Советот
на Југоисточниот плански регион го утврди проектот за изградба
на патот Богородица-Стојаково-крстосница кај пумпата Шимов
како приоритетен за аплицирање на оваа програма. Советот на
општина Гевгелија на последната седница го потврди приоритетот
за овој проект и даде согласност на инвестицијата.