Од 24 до 26 август 2018 година во Гевгелија ќе се одржи јубилејното десетто издание на алтернативниот фестивал БОШ 10: ЛЕТУВАЛИШТЕ.

Јубилејното издание нуди 3 дена исполнети со концерти, изложби, инсталации, работилници, перформанси и филмови, кои ќе се случуваа во фоајето и горната сала на Народниот театар, како и пред самиот објект. Фестивалот стартува денес попладне во 16 часот со Работилница за перформативно цртање „Ако умрам ил загинам“ во која ќе учествуваат колективите на Арт Брут-Србија и Мултимедиа центар-Гевгелија. Во 19 часот ќе биде отворена групната изложба на умертници од Македонија и регионот насловена како „Фотокопирница на љубовта“ според стиховите на Бошко Бозаџиевски, во чија чест се одржува БОШ фестивалот. Во 19.30 часот ќе биде презентирана инсталацијата на Игор Тошевски „Реколекции“, а во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Сито и бесно“ на Колектив Матријаршија (Србија). Во исто време ќе започне и повеќејазичниот мултимедијален книжевен настан  со гостување на интернационалниот фестивал за современа уметност СловоКулт::литерАРТура:: Првиот ден од БОШ 10 завршува со концерт на Ana Threat (Австрија), D’ Daltons (Македонија), Dj Jahvo (Хрватска) во 21.30 часот пред Народниот театар.

На 25 август во 17 часот продолжува перформативното цртање „Ако умрам ил загинам 2“, во 19 часот во Пионерскиот дом ќе биде отворена изложба на слики од берлински уметници во рамките на фестивалот СловоКулт::литерАРТура::, а во 19.30 часот во Галеријата „Амам“ ќе биде отворена изложбата „Абракадабра“ на шведската уметничка Ана Ехртемарк. Во 20.30 часот во Народниот театар започнува проекција на филмови од македонски автори:„Ќе дојдат децата“ од Ана Јакимска, „Долорес“ од Радован Петровиќ, „Долу од рајот“ од Саша Станишиќ и „Амби“ од Марија Апчевска. Во 21.30 часот започнува концертот на Iva&the toy Geogre (Србија), Straight Jackin (Србија), кои годинава слават 25 години од формирање на бендот, и DJ Denny Trajkov.

На 26 август во 18 часот ќе биде одржана детска кративна работилница „Шљап“ на Колектив Ветерница, во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Ако умрам ил загинам“, а во 20.30 чсот ќе биде прикажан филмот на Вар „Винил фетиш“  Мирко Попов. Во паузите од програмата публиката ќе може да се разладува на реката Сифулајка, и да ги полните батерии на BOSH Rechargeble.

„Истрауматизирани од секојдневниот живот, потресени од емотивната пустоловина, отуѓувањето и желбата за моќ, од петни жили го создадовме БОШ 10 – Летувалиште како место за опоравување, лекување, обновување на невроните, страста и другарството. Со најдобра програма досега дојдете заедно да го прославиме јубилејот од 10 години на БОШ фестивалот со независна современа уметност од субкултурната сцена. Распослани во Гевгелија во рок од три дена ќе можете да видите изложби, инсталации, филмови, концерти, дџ сетови, работилници, инсталации и нормаално да плажирате на Сифулајка…“, велат организаторите.

БОШ Фестивал, за прв пат, се одржа од 11-13.09.2009 год., во чест и почит кон прерано починатиот книжевник и актер Бошко Бозаџиевски. Од тогаш наваму на БОШ имало околу 90 музички настапи, 70 изложби (групни и самостојни), 40 проекции на филмови, 20 работилници!, 8 перформанси, 6 инсалации, 6 театарски престстави и друг настани.