Саботна забава во сите гевгелиски кафулиња и кафеани, каде што се одржува „Бела
ноќ“. Понудата на забава ќе биде разновидна и интересна, во
зависност од кафулето и ресторанот, а е предвидено да трае до 3
часот по полноќ. Нема сомневање дека ова ќе биде најзабавниот
викенд летово во Гевгелија, каде што се очекуваат бројни гости
од земјата и од соседна Грција.