Какво право турско право 3000 на три мина?  Ма нее, многумина знаат дека битката кај Ѓуров дол се случила на денешен ден и загинал Леонид Јанков. Но, малкумина знаат дека  тој ден, Леонид Јанков сам се заебал и тоа е поврзано со смоквите. Имено, откога турскиот аскер ја поминал патролата а Леонида и останатите биле скриени во грмушките,и откога турскиот аскер се оддалечил тогаш неколкумина Турци ги  оставиле пушките и почнале да берат смокви. Леонида се полакомил за пушките и тука станала  галама по што турскиот аскер слушнал пукотница и следело повлекување по што настанала битката на Ѓуров дол. И пази богати, после повеќе од еден век слични бројки , општината  за една смокварска придедба од 100 тина минути, одвојува 300 000 денари а овие бизнисмените т.е организаторите т.е.(уште еден пат)  ” смокварите “за награден фонд одвојуваат само 30 000 денари. Како беше она, какво право- турско право 300 000 на 30  000. Уу браво,  како “Тера” ја тера работата  само честитки , пофалби,аплаузи и потсетувања за гевгеличани дека од слаткото од Смокви најслатки се парите. Па за тие пари, можеа и Мајкл Џексон да го повикаат ама, зафатен бил. Исто така јавноста не е запознаена дали организаторот на госпожата од “Љубојна” благовремено ја информира дека овој настан нема врска со СДСМ ,Нато, Европа ,Ума и така натаму , па тоа де, во договорот убаво да пишува. Инаку до Радио Гевгелија дојдоа и информации дека….. ама ај друг пат . Тука сме, се вративме.