Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на
РМ објави јавен оглас за давање во закуп на земјоделско
земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари во
неколку региони во земјата, меѓу кои и Гевгелија. На сите
заинтересирани земјоделци во општините Гевгелија, Дојран и
Богданци за закуп на земјиште до 3 хектари им се понудени 347
хектари.
Земјоделското земјиште во државна сопственост кое се дава во
закуп со овој јавен оглас е со намена за:
-подигање на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и
оранжерии за период до 30 години,
-подигање на долгогодишни насади со лешник за период до 70
години,
-подигање на маслинарници за период до 50 години,
-одгледување на други земјоделски култури за период до 15
години,
-ливади за период до 15 години,
-за одгледување на брзо растечки дрвја на земјоделско земјиште
кое се наоѓа на надморска висина над 700 метри, за периодот до
30 години,
-рибници до 20 години и
-спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30
години.
Право на учество на јавниот оглас имаат домашни физички и
правни лица и странски правни лица. Физичките лица треба да се
регистрирани вршители на земјоделска дејност и/или запишани во
единствениот регистар на земјоделски стопанства и/или да се
трговец поединец на кои земјоделското производство или
преработката на примарни земјоделски производи да им е
претежна дејност. Странските правни лица имаат право да
учествуваат на јавен оглас доколку имаат регистрирано
подружници во Република Македонија

На домашните и странските правни лица или нивните подружници
земјоделското производство или преработката на примарни
земјоделски производи да им е претежна дејност или
земјоделското земјиште им е потребно за вршење на научно –
истражувачки дејности. Поврзаните лица во смисла на поврзани
правни лица, поврзани физички лица, поврзано физичко лице со
правно лице и индиректно поврзани лица во правно лице имаат
право на учество на јавниот оглас и можат да достават само една
понуда за учество.
Право на учество на јавниот оглас имаа лицата кои немаат
склучено важечки договор за закуп со Mинистерството за
земјоделство, шумарство и водостопанство.
Право на учество на јавниот оглас немаат лицата кои ги немаат
намирено обврските по основ на закупнина по претходно склучени
договори за закуп на земјоделско земјиште во државна
сопственост и даночни обврски и придонеси по основ на:
персонален данок на доход, данок на додадена вредност, данок
на добивка, придонеси од задолжително социјално осигурување.
Право на учество на јавниот оглас немаат правни лица за кои е
отворена стечајна постапка, како и непрофитните организации.
Последниот ден за поднесување пријави за учество на јавниот
оглас е 04.10.2018 година (четврток). Понудите доставени по
овој јавен оглас ќе бидат јавно отворени на ден 09.10.2018 година
(вторник) во големата сала за состаноци во Министерството за
земјоделство, шумарство и водостопанство ул.Аминта Трети бр.2
Скопје со почеток од 10 часот.
Огласот е објавен и на веб страната на општина Гевгелија, а за
дополнителни информации понудувачите може да се обратат до
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во
подрачните единици, да ја посетат веб страницата на
Министерството www.mzsv.gov.mk <http://www.mzsv.gov.mk> или
во Секторот за регистрирање и управување со земјоделско
земјиште на телефон: 02 313 44 77.