На 15 септември 2018 година, милиони волонтери во 150 земји ќе се обединат и ќе се обидат да го чистат светот во еден ден. Овие земји ќе се обидат да го чистат расфрлениот отпад и ќе бидат дел од најголемата граѓанска акција во историјата на човештвото. И општина Гевгелија од нашава држава е дел од оваа глобална акција. Така, учениците од СОУ “Јосиф Јосифовски”ќе ја чистат пешачката ппатека од поранешен “Винојуг” до Негорските бањи. За учениците од прво, второ и трето одделение ќе се организира час по екологија. Учениците од четврто,петто и шесто одделение ќе се ангажираат за чистење на училишните дворови. Учениците од седмо, осмо и деветто одделение ќе чистат на “Динќут” и археолошкиот локалитет “Вардарски рид”. Ученици од ООУ “Климент Охридски” од Миравци ќе го чистат училиштето додека пак учениците од ООУ “Ристо Шуклев” од Негорци ќе го чистат центарот на населеното место. ЈПКД “Комуналец” ќе обезбеди вреќи за отпад а училиштата ќе обезбедат ракавици за сите ученици кои ќе бидат вклучени во акцијата.