Во организација на граѓанското здружение “Внимание” во Гевгелија се оддржа хуманитарната манифестација со наслов “Подаваме раце сплотени во едно општество за сите”. Беше организирана промоција и продажба на производи од фирми од преработувачката индустрија од нашата општина.  Можеа да се купуват производи  на  штандови.  Исто така  се одвиваше и работилница на Дневниот центар со посебни потреби Гевгелија и Центарот за лица со посебни потреби „Мајка Тереза„ од Гевгелија, на која се изработуваа цртежи и реквизити кои се користат во конзервната индустрија. Децата кои изработуваа цртежи и реквизити беа наградувани.