Во тек е спроведувањето на акцијата “Да ги заштитиме децата во сообраќајот”. Оваа сообраќајно-воспитна акција годинава се совпаѓа со одбележувањето на “Европската недела на мобилност” која  од 16 до 22 септември ја организира Министерството за животна средина и просторно планирање со учество и на општина Гевгелија. Инаку, во денешнава воспитно-едукативна акција во организација на ОСБСП учествуваа гевгелиските деца од предучилишна возраст и првачињата  од двете  основни училишта од градот.