Во Гевгелија,  петок, на 21 септември, ќе биде отворена
изложба на ликовната уметница Цветанка Јованова, која и
припаѓа на помладата генерација македонски уметници. Покрај
бесомнежните дарби за логосно изразување со јазикот на
ликовната уметност, таа, длабоко и моќно ги созерцува
егзистенцијалните тајни. Цветанка Јованова со изложбата Што
сум јас? како тема одбира егзистенцијално-духовни прашања, ги
бара одговорите за смислата на животот и философијата за
сопственото постоење и живот, при што е евидентно
прочистувањето на визуелната палета. Таа ги материјализира и ги
презентира сите интимни состојби и ситуации што го провоцираат
уметникот на креативен чин и се интегрираат во сложувалката на
секојдневието, оставајќи метаризница на минатото – во иднината.
Изложбата ќе биде поставен во клубот на Народниот
театар, со почеток во 20 часот