Во Гевгелија е поставен првиот полнач за електрични автомобили,
кој го постави ЕВН, на паркинг просторот во центарот на градот.
Полначот овозможува истовремено да се полнат и две возила,
поради што се резервирани и две паркинг-места. Донацијата е
исто така начин за подигање на свеста за заштита на животната
средина, а исто така ќе помогне да се подигне свеста за
еколошките придобивки од користењето електрични автомобили.


Иако моментално нема многу мопеди, инвалидски колички и
автомобили на напој со електрична енергија во Гевгелија, со
поставувањето на електрополначите на паркинг просторот посебно со обележаниот простор останува не јасно,дали на овој простор е дозволено паркирање. Граѓаните на Гевгелија исто така се прашуваат зошто ЕВН не си го постави полначот во својот двор (како пилот проект) туку го узурпира и онака малиот простор во центарот за кој општината од поодамна наговестува зонско паркирање.