Денот на ослободувањето 7 Номеври годинава ќе биде одбележан со богата културно уметничка програма и многу други настани.

Одбележувањето на 74 годишнината од ослободувањето на Гевгелија започнува во петок, на 2 ноември со традиционалната манифестација Фолклорен ѓердан, која ќе се одржи во наредниот театар во Гевгелија, со почеток во 20 часот. Веќе наредниот ден, во сабота, на 3 ноември, на истото место ќе биде одржан Свечен концерт по повод 40 годишниот јубилеј на ООМУ„Васо Карајанов“. На 5 ноември 2018 година, во понеделник, во фоајето на Народниот театар ќе биде отворена традициопналната изложба на ДЛУГ, во 19 часот, а веднаш потоа ќе се одржи традиционалната поетско-музичка манифестација „Пееме за Гевгелија“, што ја организира Домот на културата.

Во пресрет на празникот, на 6 ноември, во вторник, во Народниот театар ќе биде одржана Балетска вечер со ансамблот на ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, која започнува во 19.30 часот. Културно-уметничката програма по повод 7 ноември завршува во среда, на 7 ноември, со театарската претстава „Вдовицата се мажи“што ќе ја изведе НУЦК Театар Ј.Х.К.Џинот-Велес  во Народниот театар во Гевгелија, со почеток во 20 часот.

На празникот – 7 Ноември, одбележувањето на Денот на ослободувањето на Гевгелија започнува со полагање на цвеќе на спомен обележјата во градот. Веднаш потоа, во 11.30 часот, ќе биде свечено предаден во употреба новиот Водоснабдителен систем во Гевгелија. По повод 7 ноември ќе биде одржана и Свечена академија во Народниот театар, со почеток во 13 часот.