Во ЈПКД„Комуналец“ набавен е нов ровокопач и со тоа не само што е збогатен
возниот, односно паркот на механизацијата на ова јавно
претпријатие,  туку се создадени услови претпритието
самостојно да ги обавува работите при изведба на нови
канализациони водоводни линии. На овој начин ќе се одбегнат ангажирањата на надворешни изведувачи.

Станува збор за машина која е набавена за 60.000 евра, по распишаниот тендер и избраната најповолна понуда. На новото раководство останува да изјават колку средства досега Комуналец има издвоено за оваа намена на надворешно-ангажирани лица, групи и групички.