Гевгелија добива нови канти за отпадоци. ЈПКД„Комуналец“ набави нови 60 канти за отпадоци, кои веќе се поставуваат во централното градско подрачје.

По десет години ова е првата замена на постојните и дотраените канти за отпадоци во центарот на градот. Во ЈПКД„Комуналец“ нагласуваат дека употребливите канти за отпадоци кои се заменуваат ќе бидат поставени во периферните делови од градот со цел да се обезбеди поголема покриеност со канти за отпадоци на поголемите сообраќајници и јавни површини.

Кантите се набавени од фабриката „Интерконстракшн“ во Гевгелија, по спроведениот тендер. Покрај акцијата за замена на дотраените канти за отпадоци во центарот на градот, во ЈПКД„Комуналец“ набавени се и нови 20 лимени контејнери. Целта е во претстојните зимски месеци да се заменат постојните пластични со лимени контејнери, како заштита од пепелта и жарот кои се фрлат од страна на корисниците на услуги. Останува и забелешката, новата градска власт да не ги повторува грешките на старата власт со тоа што ќе води сметка, кантите за отпад да бидат доволно оддалечени од клупите за седење. Не е убаво чувството да се седи до канта за отпад со отпад.