Градоначалниците на Општина Дојран и Општина Свиштов, Република Бугарија  потпишаа меморандум за соработка. Меморандумот има за цел продлабочување на соработката помеѓу двете општини, зголемена промоција на Општина Дојран на бугарскиот пазар и подобри туристички понуди за граѓаните од двата града. Градоначалникот на Свиштов, Генчо Генчев изрази големо задоволство што е гостин во Општина Дојран на општинскиот празник и го покани градоначалникот Ангов да ја возврати посетата во Свиштов, Република Бугарија.