Македонската Кошаркарска федерација ја промовираше општина Гевгелија како град-домаќин на квалификацискиот натпревар Македонија-Косово кој ќе се одигра во спортаката сала во Гевгелија на втори декември. Делегација на Македонската кошаркарска репрезентација предводена од претседателот Пеце Наумовски денес оствари средба со градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков.