Општина Гевгелија објави Јавниот повик за доставување на
иницијативи за изработка на урбанистички планови, согласно
член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање.
Јавниот повик ке трае од 6.11.2018 година до 7.12.2017 год.
(триесет и еден ден сметано од денот на објавата). Јавниот повик
е објавен на веб страната на општина Гевгелија
www.gevgelija.gov.mk, на огласна табла во општината, во
службено гласило на општината, во информацискиот систем еурбанизам
и во дневниот весник „Нова Македонија“.
Во периодот на траење на јавниот повик секое заинтересирано
правно и физичко лице може да достави иницијатива за изработка
и донесување на урбанистички планови. Заинтересираните правни
и физички лица иницијативите можат да ги достават во писмена
форма преку архивата на општина Гевгелија или во електронска
форма преку информацискиот систем е-урбанизам во горе
наведениот рок.
Предмет на иницијатива може да биде донесување на нов
урбанистички план или изменување и дополнување на постоечки
урбанистички план. За доставените иницијативи подносителите ке
бидат известени во електронска форма преку информацискиот
систем е-урбанизам или во писмена форма, во рок од 15 работни
дена од истекот на рокот за доставување на иницијативи.
Средствата за изготвување на потребната документација за
прифатените иницијативи треба да ги обезбедат правните или
физички лица кои се подносители на иницијативата.