Министерството за транспорт и врски на РМ ќе обезбеди 70
милиони евра за изградба и реконструкција на локалните патишта
во општините, најави министерот за транспорт и врски Горан
Сугаревски при неодамнешната посета на Гевгелија. Притоа,
појасни дека средствата ќе бидат ставени на располагање на
општините исклучиво за локални патишта и улици.
Изминатиов период во Гевгелија беше извршена реконструкција
на два регионални патни правци Давидово-Миравци и СмоквицаПрдејци,
а во тек е реконструкцијата на патот Гевгелија-Негорци
за што од министерството се издвоени 180 милиони денари.
-Исто така ќе обезбедиме и нова кредитна линија од Европската
инвестициска банка за сите општини по истиот терк како и досега,
за подобрување на водоводните и канализационите мрежи.
Затоа е многу важно општините да започнат да подготвуваат
проекти и со готови проекти и од следната година да аплицираат
до Министеството за транспорт и врски за да можеме навремено
да ги користиме сите финансиски средства, нагласи министерот
Сугаревски.
Оваа финансиска поддршка ќе биде од огромно значење за
општините, особено за граѓаните, бидејќи тоа е предуслов за
подобрување на животот во населените места.