Општина Гевгелија ги објави годишните Конкурси за финансирање на програми и проекти од областа на културата од интерес на општина Гевгелијаи за финансирање на програми, проекти, натпревари и манифестации од областа на спортот од интерес за општина Гевгелија во 2019 година.

На Конкурсот имаат право да учествуваат правни и физички лица – државјани на Република Македонија.

Под правни лица во областа на културата се подразбираат установи од областа на културата, јавни установи од областа на културата основани од општина Гевгелија, здруженија на граѓани, сојузи, трговски друштва, трговци поединци и други, регистрирани во Република Македонија за дејности од областа на културата и јавни установи основани од општина Гевгелија. Правните и физичките лица кои имале поддржани проекти од општина Гевгелија во претходната година, треба да ја имаат исполнето обврската за доставување на наративен и финансов извештај за доделените средства.

Општина Гевгелија ќе учествува во финансирање на програми, проекти и активности согласно законската регулатива и Правилник за начинот, постапката и критериумите за финансирање на програми и проекти од областа на културата од интерес на општина Гевгелија (www.gevgelija.gov.mk). Ќе бидат прифатени оние програми, проекти и активности кои врз основа на критериумите предвидени во Правилникот ќе обезбедат минимум 55 бода.

Нема да бидат разгледани следните пријави: доставени по истекот на рокот, пополнети на несоодветен образец, доставени по електронска пошта, со непотполни податоци и без документација која задолжително се бара.

На конкурсот за финансирање на програми, проекти, натпревари и манифестации од областа на спортот од интерес за општина Гевгелија за 2019 година, а под правни лица се подразбираат спортски здруженија, спортски клубови, здруженија на граѓани, училишни спортски сојузи, трговски друштва, акционерски друштва, трговци поединци регистрирани во Република Македонија за вршење дејност спорт, како и правно лице кое покрај регистрацијата за вршење дејност од друга област, е регистрирано и за вршење дејност спорт.

Општина Гевгелија ќе учествува во финансирање на програми, проекти, натпревари и манифестации од областа на спортот од интерес за општина Гевгелија, согласно законската регулатива и Правилникот за начинот, постапката и критериумите за финансирање на програми, проекти, натпревари и манифестации од областа на спортот од интерес за општина Гевгелија (www.gevgelija.gov.mk), односно општината ќе ги финансира:

-традиционалните спортски приредби и манифестации од локален, регионален, национален и меѓународен карактер;

-програмите, проектите и активностите на сите заинтересирани спортски субјекти кои ќе достават програми и проекти за организирање на манифестации и спортски настани од особен интерес за општина Гевгелија;

-програмите, проектите и активностите на спортисти-аматери, учениците во основните и средното училиште на подрачјето на општина Гевгелија;

-спортско рекреативните активности на лица со посебни потреби.

Општина Гевгелија ќе учествува во финансирање на програми, проекти, натпревари и манифестации кои не се опфатени во претходните позиции, а кои со својата актуелност, атрактивност, квалитет и значење придонесуваат кон остварување на програмските цели во областа на спортот на општина Гевгелија за 2019 година.

Во Програмата за финансирање на спортските активноство општина Гевгелијаза 2019 година ќе бидат опфатени оние проекти и програми кои врз основа на критериумите предвидени во Правилникот ќе обезбедат минимум 55 бода.

Субјектите кои имале поддржани програми, проекти, натпревари и манифестации од областа на спортот од општина Гевгелија во претходната година, треба да ја имаат исполнето обврската за доставување на наративен и финансов извештај за доделените средства.

Пријавите (апликациите) и за двата конкурси задолжително се превземаат од официјалниот веб портал на општина Гевгелија www.gevgelija.gov.mk, се пополнуваат во електронска форма и се доставуваат во печатена форма во општината.

Пријавите треба да се достават до општина Гевгелија, преку пошта на адреса: ул. Димитар Влахов бр.4, Гевгелија, или во архивата на општина Гевгелија, најдоцна до 16:00 часот на последниот ден од завршувањето на Конкурсот, со назнака Конкурс за финансирање на програми, проекти, натпревари и манифестации од областа на спортот за 2019 година.

Конкурсите ќе траат од 24.11.2018 година до 24.12.2018 година