Градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков денес ги прими наградените актери, режисери и автори на претставата „На здравје“

на драмското студио „Дон Кихот“, кое работи во составот на  Домот на културата „Македонија“ во Гевгелија. Имено, драмското студио „Дон Кихот“ со оваа претстава го освои првото место на  престижниот меѓународен фестивал „Утринска ѕвезда“во Банско, Бугарија.

Честитајќи им ја наградата, градоначалникот на претставниците на драмското студио и на Домот на културата  им посака уште многу вакви успеси. Притоа, посебно поздравувајќи ги последните проекти на ова драмско студио, кои не само што придонесуваат за збогатување на културниот живот во градот, туку и овозможуваат реактивирање на театарскиот живот од пред три и повеќе децении во Гевгелија.

-Како општина ќе настојуваме да ги поддржуваме овие проекти и активности, како што тоа веќе и го правиме, а особено сум задоволен кога тоа ќе биде проследено и со конкретни резултати. Наша цел е да обезбедиме подобри технички услови за театарски претстави и други културни настани, а со претстојното реорганизирање и вселување на Домот на културата во Народниот театар, да обезбедиме континуирано и програмско одвивање на сите културни активности и манифестации. Во рамките на постојните општински програми посебно ќе ги поддржуваме проектите како што е и последната претстава на „Дон Кихот“, бидејќи привлекуваат внимание кај гевгелиската публика и пошироко, а што е уште позначајно ја афирмираат Гевгелија, реше покрај другото градоначалникот Сашо Поцков.

Драмското студио „Дон Кихот“, покрај освоеното прво место за претставата „На здравје“ во Банско, доби и специјaлнa нaгрaдa – вaучер oд 500 еврa зa учествo нa фестивaлoт вo Албенa 2019 гoдинa. Значајно е да се одбележи дека стручнoтo жири и публикaтa јa прoглaсијa претстaвaтa зa нaјдoбрo и нaјкoмплетнo oствaрувaње нa фестивaлoт „Утринска ѕвезда“, кое работи и дејствува под заштита на УНЕСКО.