Македонската опера и балет утревечер ( среда), гостува во Гевгелија со Гала концерт. На концертот што ќе се одржи во Народниот театар во Гевгелија, под диригентската палка на Иван Еминовиќ, ќе настапат најпознатите македонски оперски имиња. Со арии од познатите светски класични автори на гала концертот ќе настапат: Весна Гиновска Илкова, Славица Петровска Галиќ, Нада Талевска, Ана Ројдева Талевска, БорисТрајанов, Зоран Сотиров, Ѓорѓи Цуцковски и Ристо Велков. Концертот започнува во 19.30 часот.