Во 2019 година меѓу Скопје и Гевгелија ќе сообраќаат само два пара возови, со поаѓање од метрополата во 6:25 и 16:55 часот, се наведува во новиот возен ред за идната година што го објавија Македонски железници.

Во летниот период кон најјужниот град во земјава ќе сообраќа и дополнителен трет воз, со поаѓање од Скопје во 4:45 часот. Од Гевгелија за Скопје возовите поаѓаат во 4,33 и 16,55 часот. Експресниот воз за Белград и Солун ќе сообраќа секојдневно, но само во периодот меѓу 15 јуни и 16 септември 2019 година. И покрај тоа што дневно сообраќаат по 12 автобуси меѓу Скопје и Белград, нашата железница смета дека нема доволен број патници на оваа дестинација за возот да функционира во текот на целата година.