Во неделата 09.12.2018 година Здружението Планинарски Спортски Клуб КОЖУФ Гевгелија од Федерацијата на планинарски спортови на Македонија доби Признание како еден од четирите најуспешни планинарски клубови во Република Македонија. Ова признание клубот го доби како резултат на успешно реализираните и организираните акции.

Имено, Здружението Планинарски Спортски Клуб КОЖУФ Гевгелија во оваа 2018 година заклучно со 12 декември реализираше 66 акции одлокален, државен и меѓународен карактер.

Од овие 66 акции, ЗПСК Кожуф беше организатор на три акции од републички карактер кои се одржаа на Кожуф планина:

-Во месец април ЗПСК Кожуф го организираше 25тиотТрадиционален планинарски марш Перо Илиевски 2018 до с. Ума. На овој планинарски марш учествуваа повеќе 600 учесници што претставува рекорден бројна учесници од кога се одржува маршот.

-Во месец октомври ЗПСК Кожуф го организираше 14ти Меморијал Кангата 2018 до највисокиот врв на Кожуф- Зелен Брег на 2166 метри надморска височина. На овој Меморијал за прв пат Клубот започна соработка со основните и средните училишта од општина Гевгелија и општина Богданци. На овој меморијал се приклучија 180 ученици за кои ЗПСК Кожуф организираше превоз доКожуф и назад. Со ова вкупниот број на ученици и планинари учесници на овој меморијал достигна 480 со што и овој меморијал се издвои како најпосетен досегаво сиве овие 14 години негово организирање и оддржување.

-Во месец ноември ЗПСК Кожуф го организираше Патронатот на планинарскиот дом Томе Шутов-Кротки 2018. Иако Клубот беше  подготвен да пречека поголем број на планинари и љубители на природата, новременските услови во ноември си го направија своето. Сепак и покрај временските услови од дожд и снег, на патронатот учествуваа 170 учесници од кои 80 ученици како продолжение на отпочнатата соработка со училиштата од Гевгелија и Богданци. И за оваа акција ЗПСК Кожуф целосно ги покри трошоците за превоз научениците.

Годинава ќе ја паметиме и по несреќното загинувањена нашиот најдобар високогорец и алпинист д-р Ѓорги Петков во експедицијата за искачување на највисокиот врв на светот Еверест на 8.848 метри надморска висина. Со голема жал ја примивме веста за неговата смрт, но тој вечно ќе живее во нашите спомени. Признание за придонес за развивање на планинарството на д-р Ѓорги Петков му оддаде и Федерацијата на планинарски спортови на Македонија. Во чест на д-р Петков, ЗПСККожуф почнувајќи од 2019 година ќе започне да организира планинарски марш во негово сеќавање.