Градоначалникот на општина Гевгелија денес во Техничкиот секретаријат на ИПА – ППС оствари средба во Ќустендил, Бугарија, со директорот Николај Дочев, а во врска со реализацијата на проектот за уредување на Динќут. Изведбата околу уредувањето на Гевгелиското излетиште во спортско рекреативен центар треба да заврши до крајот на годината.