Претседателката на Асоцијацијата за пулмонална хипертензија ,,Момент Плус’’ Ѓургица Ќаева денес на градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков му оддаде Благодарница за финансиската помош за учество на настанот ,,5-ти Мај Светски ден на пулмоналната хипертензија’’.
Во недела 23 декември 2018 година Асоцијацијата со помош на општината ќе организира хуманитарна трка од Струмица до Гевгелија со цел подигање на свеста за постоењето на ретката болест пулмонална хипертензија. Трката ќе започне од Струмица во 9 часот и се очекува пристигнување на учесниците во Гевгелија околу 14:30.