Градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков денес ги прими децата од Центарот за деца со посебни потреби „Мајка Тереза“ во Гевгелија, кои му ја честитаа Новата 2019 година и Божикните празници. Притоа, децата му подарија пригодна честитка и подарок изработени од нив самите. Градоначалникот Поцков се заблагодари на посетата и честитката, најавувајќи дека во пресрет на Новогодишните празници ќе го посети центарот „Мајка Тереза“ и на децата со посебни потреби ќе им подари новогодишни подароци.

Центарот „Мајка Тереза“ секојдневно го посетуваат 40 деца со посебни потреби и е единствен од ваков вид во земјата. За време на престојот на децата во цетарот за нив се грижат 13 лица, меѓу кои, дефектолог, логопед, физиотерапевт, психолог, педагог, социјален работник и воспитувачи. Тие секојдневно одржуваат часови со децата поделени во 4 програми. Целта на проектот да се обезбеди вистинска инклузија на лицата со посебни потреби во општеството. А, затоа, покрај веќе применетите програми, потребно отварање на објекти за самостојно живеење, за вработување на овие случаеви, за отворање на социјални претпријатија, со еден збор да се работи.