Хуманитерно трчање за подигање на свеста за постоењето на ретката белодробна болест – Пулмонална хипертензија. Трката започна од плоштадот во Струмица, а финиш линијата беше во Гевгелија, со должина на патека од 50 километри. Трасата водеше од Струмица преку Валандово, Богданци а на плоштадот во Гевгелија тркачите пристигнаа околу 15 часот и 15 минути.

Ова прво хуманитарно трчање, под мотото „Трчаме со Николчо“, го организираа Велосипедскиот Клуб „АКТИВ“ од Струмица и здружението – Асоцијација за Пулмонална Хипертензија „МОМЕНТ ПЛУС“, а во чест на гевгеличанката Ѓургица Ќаева, како и на сите пациенти кои страдаат од оваа болест.