КОЛЕДАРСКИ ХЕПЕНИНГ 2019
26-ти „Коледарски хепенинг“ ќе се одржи на 5 јануари (сабота), на ракометното игралиште, со почеток во 19:30 часот. Традиционалниот „Коледарски хепенинг“ сите овие години е настан кој ги сплотува граѓаните на нашата општина со поддршка на коледарско бадниковата традицијата. Организаторот – Општинската организација на СДСМ-Гевгелија најавува богата и разновидна програма, која ќе се одвива крај традиционалниот коледарски оган. На годинашниот „Коледарски хепенинг“ ќе настапат Распeани гевгеличани, Игор Узунов, Ерик Фокс , Благица Калева, Благоја Груевски, Горан Куќиќ, Ленче Дедејска и Ани Малинкова. Специјално шоу на хепенингот ќе има Анабела, додека целиот настан ќе го води и забавува гевгелискиот комичар Дејан Малзарков.