Денес ЗПСК КОЖУФ Гевгелија ја реализираше третата акција од оваа 2019 та година и беше искачен врвот Двете Уши 1766. Во акцијата учество зедоа 12 члена на ЗПСК КОЖУФ а со претходно договорена соработка, уште учествуваа и членови на ФРИ ХИКЕРС од Неготино.
Планинарите ги поминаа патеките:
Планинарски Дом Томе Шутов Кротки – Манчева Пресека – Сиглица – врв Двете Уши 1766м. – Сиглица – Манчева Пресека – Планинарски дом Томе Шутов Кротки со должина од 17,4км и височинска разлика од 1214м.