Во Гевгелија се евидентирани 28 заболени од грип, од кои 21 во јануари, а седуммина во декември минатата година. Ова го соопшти ПЕ на Центарот за јавно здравје во Велес. Најголемиот број од пријавените пациенти заболени од грип во Гевгелија – 29 се на возраст од 15 до 64 години. Едно е бебе до 4 месеи, 4 пациенти се деца од 5 до 14 години и 3 се постари од 64 години. За разлика од Гевгелија, во земјата петтата недела од 2019 година се евидентирани 4125 пациенти заболени од грип. Најголем број на заболени лица се регистрирани во Гостивар, Тетово, Струмица и Скопје. Гевгелија според бројот на заболените се наоѓа во групата на средни општини.