Грција почна да ги прифаќа македонските пасоши.

Македонските граѓани веќе влегуваат во Грција само со пасош. Грција ги исфрли од употреба листовите кои дополнително им ги даваше на македонските граѓани, затоа што не го прифаќаше пасошот.

Грчките власти издале наредба до пограничните служби за примена на новите правила за влез на македонски државјани.

Грција сега ги прифаќа македонските пасоши на кои пишува Република Македонија, но има ставено печат со натпис: „Оваа патна исправа ѝ припаѓа на Република Северна Македонија“.

Граѓаните до 2024 година треба пасошите да ги заменат со нови.