Делегација од општина Гевгелија предводена од градоначалникот Сашо Поцков присуствува во Јабланица ( Босна и Херцеговина) на одбележувањето на општинскиот празник на ова наша збратимена општина. Со низа свечености меѓу кои стандардните протоколи полагања цвеке на знаменитости и свечени седници со прием на гости, општина Јабланица го одбележува 22 февруари и со поставување камен темелник на индустриска зона УНИС Горна Колонија..