Казабланка (1942) е култен американски романтичен драмски филм, чие дејство се одвива во француски-контролираното Мароко, во градот Казабланка за време на Втората светска војна. Режисер на филмот е Мајкл Куртиц а главните улоги ги имаат Хемфри Богарт како Рик Блејн и Ингрид Бергман како Илса Лунд. Филмот се фокусира на внатрешниот конфликт на Рик, по зборовите на ликот, меѓу љубовта и моралноста: тој мора да избере меѓу неговата љубов кон Илса и правејќи ја вистинската работа, помагајќи ѝ нејзе и на нејзиниот сопруг Виктор Ласзло, лидер на отпорот, да побегнат од Казабланка за да продолжат со нивната борбa.

Иако филмот претставува едно од најголемите остварувања на седмата уметност, со докажани актери и првокласни сценаристи, никој за време на продукцијата не очекувал Казабланка да биде нешто повеќе од просечно; (1) Тој бил само еден од многуте филмови создадени од Холивуд секоја година. Филмот имал цврст, спектакуларен успех при првите прикажувања, користејќи го публицитетот на инвазијата на Сојузниците во Северна Африка. И покрај големиот број на различни сценаристи кои напорно и брзо сакале да адаптираат неприкажана театарска претстава на големото платно со цел да се забрза продукцијата, како и првата романтична главна улога на Богарт, „Казабланка“ освои три оскари во 1943, вклучувајќи Оскар за најдобар филм. Ликовите, цитатите и музиката денес имаат статус на легендарност. Филмот постојано се рангира близу врвот на листите на најдобрите филмови на сите времиња.