Во организација на Пионерскиот дом и Општина Гевгелија и годинава се организира традиционалната манифестација „Априлијада“ со што се одбележуваат : 1 април – Денот на шегата и Денот на пролетта. Центарот на Гевгелија во понеделник ќе се претвори во шаренило од најразлични маски, преку кои децата на креативен начин ќе ја презентираат својата радост кон пролетта.


Учесници и нивно пристигнување:
Детските градинки 10 часот ООУ Крсте Мисирков 10 и 45 минути ООУ Владо Кантарџиев 12 часот Ќе се одбира најкреативна групна маска изработена од учениците со помош на нивните наставници и родители. Изборот за најкреативни групни маски ќе го направи стручно жири. Наградените групни маски ќе бидат објавени јавно на страната на Пионерски дом истиот ден а наградите ќе бидат доделени во договор со училиштата.
Гости на настанот: Дечиња од музичкиот фестивал Распеани дечиња
Mystic danse Гевгелија
Ве очекуваме