Денес во салата на Народниот Театар во Гевгелија беа доделени наградите за најуспешни маски од годинашнава Априлијада која беше во организација на Пионерскиот дом. Наша обврска е секоја ваша креативна идеја, секоја ваша задача која е успешно завршена да биде и наградена.
Тука сте вие – најуспешните годинава и , вие ќе бидете мотивација за другите в година” – рече Милица Ефтимова директор на Пионерскиот Дом од Гевгелија. Во исклучително срдечна атмосфера, наградите ги додели градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков кој со искрена насмевка имаше дружење со најуспешните наши најмлади креативци.