Пионерскиот дом од Гевгелија од денес е ново свратилиште со ширум отворени врати за сите уметници кои творат од љубов или професионално. Поставени се шини со што е овозможено полесно поставување на изложби кои заедно со штафелаите, малата сала во истиот ќе ја претворат во прекрасен изложбен салон.

“Драги уметници нашите врати се ширум отворени за Вашите големи дела” – изјави Директорот Милица Ефтимова. Се очекува во најбрзо време посетителите и вљубениците во уметноста да уживаат во креативноста на уметниците. Пионерскиот дом од денес има галерија достапна за сите.